Двајца српски режисери ги повлекоа своите претстави од фестивал во Ниш поради Александар Вучиќ

Режисерите Кокан Младеновиќ и Игор Вук Торбица, се откажаа од учество на фестивалот ,,Татарот на крстосница“, односно натамона соработка со театарот во Ниш, затоа што како покровител се појавува името на претседателот Александар Вучиќ

,,Не можам да бидам дел од фестивал над кој како Дамоклов меч виси името на Алексанадр Вучиќ. Тоа би го обезвреднил целиот мој труд, сето она што го говорам и се борам. Верувам во твоите добри намери, но вметнувајќи го името на Вучиќ во целата игра, го поплочи пеколот од кој не можеме да излеземе, а еден од нас да не се чувствува убаво“, му напиша на директорот на овој фестивал режисерот Младеновиќ и ја повлече својата претстава .

Претходно, режисерот Игор Вук Торбица, го врати својот ангажман за претстава која требаше да ја режира и подготви за репертоарот во нишкиот театар за ноември идната година.

,,Се срамам што мојата претстава што ја режирав во театарот во Битола се нашла во селекција на вашиот фестивал. Вие манипулирате со мене и со моите колеги“ му пишува овој режисер на директорот на фестивалот во Ниш, Спасое Миловановиќ.

Во знак на револт и несогласување со покровителството на Александар Вучиќ на овој фестивал, Торбица ја откажа соработката со нишкиот театар за идната година.

Директорот на фестивалот ,,Театар на крстосница“,кој треба да се одржи во март идната година, вели дека е горд што претседателот Вучиќ е покровител и не може да го разбере напочитувањето на оваа функција.

Миловановиќ уште додава дека претставата на Кокан Младеновиќ мора да се одигра, бидејќи тој веќе склучил договор со нив.

Извор: danas.rs

Фото: Кокан Маденовиќ,извор Јужне вести