Два пати за неколку дена вандали ја сквернават бистата на народниот херој Вера Циривири -Трена

Во период од неколку дена, по втор пат, насилно се уништува спомен обележјето на Вера Циривири – Трена, во истоименото училиште во Карпош 2.

Бистата е скршена со бекатон коцка

Градоначалникот Стефан Богоев бара од МВР итно да се најдат сторителите:


,,Пријавено е до МВР и до Крим техника.
Овие вандалски чинови стануваат секојдневие и бараме итни санкции за сторителите.
Откако претходно бевме соочени со свесно уништување на урбаната опрема (реквизити на детски игралишта, клупи, корпи, столпчиња) сега се уништуваат и бистите по основните училишта.
Општината, во повеќе наврати има испратено и пријави до ПС Карпош. За жал, и ова е Карпош“-се вели во реакцијата.