Две верзии за настраданото петочлено семејство во Гњилане

По невидената трагедија во Косово, во градот Гњилане, во која настрада петочленото семејство Блаца, медиумите објавија и втора верзија за можниот редослед на настаните.

Имено, според новата верзија, најверојатно полицајката Владете Блаца, откако во семејната куќа ги затекнала мртви родителите и едниот брат, кои наводно биле убиени од вториот нејзин брат, го извадила службениот пиштол и го убила, а потоа и се самоубила.

Претходно, косовските медиуми објавија дека активната косовска полицајка со 18 годишна кариера зад себе, го убила целото свое семејство, а потоа си пресудила себеси.

Меѓутоа, соседите кои ги чуле пукотниците, тврдат дека тоа не е точно, туку дека таа го убила својот брат, кој наводно претходно го ликвидирал целото семејство. Потоа и самата се убила.

Policajka Vladete Blaca
Полицајката Владете Блаца

Телата на петочленото семејство се предадени на обдукција, по што би требало да стане појасно како се случила оваа невидена трагедија.

Blerim Blaca
Блерим Блаца

Мотивите за овие убиства и за самоубиството се нејасни, бидејќи семејството Блаца важело за мирно и сложно семејство.

Fisnik Blaca
Фисник Блаца

Владете Блаца последните пет години од службата ги провела во полициската станица во Гњилане, пишува Газета Експрес.