Две во едно-супер-јахта и подморница

 

Дизајнери на  компанијата “Migaloo Private Submersible Yachts” презентираа идеја на врвен дизајн на суперјахта-подморница и јахта. Супер луксузна јахта која може да се претвори во подморница и да нурне на 250 метри длабочина.

Концептуалниот  дизајн на  јахтата  покажува  пловило долго  114 метри, со место за слетување на  хеликоптери и осум  луксузни апартмани.

 

Сопствениците  и нивните гости ќе  може да гледаат филмови во кино сала, да вечераат под отворено небо или  да пливаат во  базен на палубата.

Кога ова ќе им здосади, како што тврдат од дизајнерското биро, со сврување на пекинувач,  „Мигалу“ ќе се претвори во подморница и ќе ги однесе на 250 метри длабочина.

Суперјахта и подморница „Мигалу“

Компанијата , чие  седиште е во  Австрији, саопшти дека конструирала уште 4 поголеми модели, а идејата е да го отворат просторот и да нема никакви ограничувања за негово користење, дали е над или под вода, сеедно.

Потенцијалните сопственици за ова секако, ќе треба да издвојат вистинско богатство.