Две деца починале од грип на Клиника за детски болести

Во текот на оваа недела, регистрирани се 2 смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за деца на возраст од 3 и 4 години од Кичево и Гостивар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега-известуваат од Институт за јавно здравје.

Во текот на првата недела од 2017 година, во Република Македонија пријавени се 8.067 новозаболени лица на групни пријави за заболени од грип, што претставува намалување од 14,9% во споредба со минатата недела кога беа пријавени 9.485 случаи.

Вкупниот број на пријавени случаи и оваа недела ја надминува границата на многу висока активност, согласно МЕМ моделот за одредување на интензитет на активноста на сезонски грип .

И оваа недела како и минатата, најголем број заболени е регистриран на територијата на Скопје, а поголем број случаи пријавени се од ЦЈЗ Струмица , ЦЈЗ Битола и ПЕ Кавадарци .