Две лица поткупувале гласачи во Теарце да не излегуваат на гласање

МВР соопшти дека денеска околу 18.15 часот во полициската станица во Тетово Ш.Е. (1958)од село Теарце пријавил дека лицата С.Ш. и Ф.И. и  двајцата од истото село, во период од 22.12.2016 до времето на пријавување оделе по куќите на жителите од с.Теарце им нуделе и давале од 100-500 евра за  гласач за да не излегуваат на гласање.

Тие им ги земале личните карти со барање да не излегуваат на гласање на 25.12 2016 на денот на прегласување на гласачко место 2011 .

На ова избирачко место ќе има прегласување заради изборни неправилности откако Управен суд ја уважи тужбата на СДСМ по одбиениот приговор од страна на ДИК.

Зависно од исходот на гласање може да дојде до промена на изборните резулатати. Сега ВМРО ДПМНЕ со нешто повеќе од триста гласови освои 4, а СДСМ 3 пратеници во ИЕ 6.

АКО.мк актуелно-објективно