Две сестри од Франција се удавија во хотелски базен на Родос

Две француски тинејџерки, сестри на 16 и 19 годишна возраст, вчера се удавиле во базен во еден хотел на грчкиот остров Родос.

Тие биле сами во базенот кога се случила трагедијата.

Според грчката полиција, сестрите дошле да пливаат по 20 часот кога немало спасувач на базенот, по што двете се пронајдени удавени.

Едното тело пливало на површината од базенот, а другото било на дното.

Се претпоставува дека едната сакала да ја спаси другата сестра која почнала да се дави, но на крајот завршиле трагично и двете. Полицијата го повика менаџерот на хотелот да даде изјава зошто немало спасувач на базенот и како е возможно да се случи ваква трагедија.

Обвинител побара негово апсење.

Во хотелот била и нивната трета сестра, која преживеала шок откако и кажале за трагедијата.