Двојазична монета, униформи и Декларација за геноцид врз Албанците не се дел од програмата на СДСМ

Одговарајќи на новинарски прашања, лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека барањето на партиите на Албанците во Македонија да се донесе Декларација за геноцид врз Албанците во период меѓу двете светски војни не е дел од владината програма на СДСМ . Тој исто така кажа дека по консултациите со експерти по Уставно право нема основа да се менува изгледот на македонската валута, бидејќи Уставот не дозволува нејзина двојазичност. Истото се однесува и за амблемите на воените униформи.

Но, како што рече Заев, тоа не значи дека за ова во иднина нема да се разговара. Секогаш сме подготвени за дебата, рече Заев.