Двојниците и листите на Јаневски отпаднаа

Членовите на Државна изборна комисија ги отфрлија предложените кандидатски листи на Социјалдемократска партија (СДПМ) на Бранко Јаневски за сите изборни единици, заради неисправни документи.

ДИК при повторното разгледување утврди дека листите на СДПМ во шестте изборни единици имаат бројни неправилности. Кандидатите не ги пополниле уредно пријавите, а на поднесоците немало датум на изјавите за прифаќање на кандидатурите за пратеник. Исто така и потписите на изјавите за неосудуваност и за прифаќање на кандидатурата се различни.

Двојниците на Радмила Шеќеринска, Стево Пендаровски и Љупчо Николовски, Рада Шукуроска од Прилеп, Стево Продановски од Зелениково и Љупчо Николовски од трета ИЕ ќе продолжат да бараат работа или да работат како заварувачи..

Дури претставникот од ВМРО ДПМНЕ во ДИК Силвана Бонева побара да не се расправа за секоја листа по изборни единици, бидејќи неправилностите се евидентни и предложи Комисијата да ги отфрли листите на СДПМ.