Под слоганот ,,Вратете ни ги тротоарите“ и ,,Здравјето пред профитот“, стотона жители на Дебар Маало вечерва излегоа на протест пред Министерство за култура, на местото кадешто во вторникот беше прегазена жена од комбе кое вршеше дотур на стока. Граѓаните од оваа населба бараат ослободени тротоари за пешаците и решавање на проблемот со паркирањето.

    

Исто така , тие реагираат и на бучавата од локалните кафулиња.

-Повеќе од две години реагираме и предупредуваме на опасноста од сообраќајниот метеж. Баравме од градоначалниците Андреј Жерновски и Коце Трајановски да ги спроведуваат законите и да работат во интерес на граѓаните. Брзината на возилата никој не ја санкционира , а бучавата од кафулињата ги надминува дозволените граници-велат организаторите на протестот.