Девојче спасено од урнатините три дена по ужасната експлозија во Бејрут(видео)

Три дена по огромната трагедија во Бејрут, спасувачките екипи сѐ уште пребаруваат под урантините по преживеани.

Спасено е девојче кое под урнатините преживеало три дена без храна и вода.

Од снимката направена со дрон се гледаат огромните размери на катастрофата .

Францускиот претседател, Емануел Макрон, прв од странските државници само ден по експлозијата го посети Либан и вети голема меѓународна помош.

Во експлозијата во Бејрут потврдено е загинувањето најмалку на 150 луѓе, а над 4.000 се повредени.

Уништено е целото пристаниште. Голем дел од градот е разорен. Има урнати згради, уништени патишта, над 300.000 луѓе останаа без своите домови. Некои трајно, некои привремено поради големи оштетувања.