Декларација на македонски здруженија од соседството и дијаспората

 

На 15-тиот семакедонски собир по повод 145 години од раѓањето на револуцонерот Гоце Делчев, 4-ти февруари 2017 годиина во Прилеп, претставници на македонските организации од Р. Македонија, Р. Грција, Р. Бугарија, Р. Србија, Р. Албанија, Гора – Косово, Р. Хрватска и дијаспората ја донесоа следната:

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А

  • Согласно со општите меѓународни акти за правото на слободно изјаснување и самопределување, правото на слободна мисла и слободно изразување, личните права и слободи на личноста и граѓаните, ние, Македонците, како и сите други нации од соседството, имаме своја матична држава Република Македонија. Која е и држава на другите национални заедници кои живеат во неа и ги уживаат сите граѓански права, исто како македонскиот народ, а кои национални заедници, имаат, културни матици како држави, во соседството (Албанија, Грција, Бугарија, Србија и др.), Р.Македонија исто така е и културна матица на македонскиот народ кој живее во соседните држави и диаспората. На различните национални заедници во државите на Балканот треба да се гледа како на своевидно богатство и разноличност, кои треба да бидат мост за соработка на Балканот, а не предмет на манипулација за остварување на големодржавничките идеи.
  • Македонскиот идентитет и ентитет се потврдени со неприкосновени, аргументирани и содржајни сознанија – културни, историски, демографски, лингвистички, антрополошки и тие не треба да бидат тема на никакво оспорување или негирање.
  • Националните симболи на Република Македонија се дел од македонскиот идентитет, македонската култура и историја и не смеат да бидат предмет на пазарење за создавање на сегашни или идни владини коалиции или за други политички пазарења.
  • Негирањето на македонскиот идентитет, македонската нација, македонскиот јазик и култура, кое доаѓа од официјалните власти и политичари на соседните држави, Албанија, Грција, Бугарија, Србија, не значи ништо друго, туку само грубо кршење на основните права на Македонците, гарантирани со општите меѓународни акти.
  • Р. Македонија, да застане на браникот на правата на Mакедонците во соседните земји, и таа обврска да биде вратена во Уставот на Р. Македонија.
  • Поради фактот што Р. Македонија е држава во која се применуваат највисоките стандарди во остварувањето на правата на другите национални заедници, бараме да се применува принципот на реципроцитет, односно Р. Македонија да бара и другите држави да ги имаат истите стандарди за македонските национални заедници во тие држави
  • Бараме Скопје и Тирана да потпишат билатерален договор за основните права на Македонците во Албанија и на Албанците во Македонија, на реципроцитетна основа.
  • Владата на Република Македонија, под итно, да ги прекине преговорите за разликите околу името на Република Македонија со Република Грција и членството во Обединетите нации и во сите меѓународни организации да го продолжи под нејзиното уставно име Република Македонија, без латинична транскрипција на македонски јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик – Republic of Macedonia, со нотифицирање на македонскиот народ и македонскиот јазик што е и директна разлика со северната грчка провинција Македонија и југозападната бугарска провинција Македонија и претставува основа за потврда од страна на Генералното собрание на Обединетите нации со донесување на Резолуција од негова страна.
  • Бараме политичките фактори на Европската Унија да разберат дека цената која ја бараат од Македонците од Р. Македонија, за влез во Европската Унија, солидаризирајќи се со Р. Грција за промена на нашето вековно име е превисока. Промента на името на Р. Македонија, заедно со невидениот притисок од страна на соседите на Република Македонија, кои не ја признаваат ни територијата, ни границите, ни народот, ни јазикот, ни државата, ни црквата, ќе доведе до долгорочна и трајна дестабилизација на Македонија, регионот и Балканот во целина. Само влезот во ЕУ под уставното име Р. Македонија може да ги запечати сите аспирации на соседите и обезбеди стабилност на Балканот.

ОМО -,,ИЛИНДЕН,, Р. Бугарија

  1. ОМО – ,,ИЛИНДЕН ПИРИН,, – Р.Бугарија
  2. “Македонско Едукутивно културно движење” – Воден Р.Грција
  3. “Македонска алијанса за Европска интеграција” – Р. Албанија
  4. Друштво ,,ИЛИНДЕН,, – Тирана Р.Албанија
  5. Друштво ,,Мост,, – Голо Брдо Р.Албанија.
  6. Друштво ,,Гора,, – Р.Албанија.
  7. “Заедница на ислмизираните Македонци” – Р.Макеоднија
  8. Друштво ,,ГОРА ,, – Косово Р.Албанија
  9. “Заедница ма Македoнците” – Р.Србија
  10. Граѓанска иницијатива ,,НЕ-ИМА,, – Р.Македонија

DSC_5066

Средбата на Здруженија на Македонците од соседните државни се одржува викендот  во градската библиотека “Борка Талески”, каде претставниците на здруженијата разговараа за проблемите со кои се соочуваат нашинците во Албанија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска .

Извор:Маркукуле