Демначите на ВМРО ДПМНЕ што плукаат и ,,прашуваат“ распоредини и пред домот на Шилегов

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на својот ФБ профил објави фотографија на лице,  како што во јавноста веќе ги нарекуваат вмровски тројки кои напаѓаат,  испратено седи и чека да се појави и да му ја пренесе пораката од Никола Груевски, во форма на плуканка или ,,прашање“ зошто е предавник.

,,Да ги известам од штабот дека “прашувачите” се присутни.

И после зошто биле фашисти ?

Ете затоа …“-напиша Шилегов на својот ФБ профил

Денеска на паркинг просторот кај УКИМ и професорот Љубомир Фрчкоски бил сочекан од иста таква тројка, но кога му се доближиле тој на едниот од нив му удрил шамар по што се разбегале.

Владимир Милчин објави дека втор ден по ред млади лица со телефони во раце, со качулки или не , го демнеат пред неговата куќа. Магдалена Несторовска советник од СДСМ во општина Карпош деновиве била пречекана од младо лице, кое исто така таа го фотографираше , кое ја прашало -како не и е срам да ја распродава Македонија.

Вчера, новинарот Борјан Јовановски во ресторан беше плукнат во лицето од малолетно момче, снимано од друго зад него, по што избегаа од местото……

Страшно! Го прашуваме Никола Груевски, што ќе се случи ако некој загине или нападнатите почнат да возвраќаат и да се бранат? А, Никола?

АКО.мк