Демократски сојуз достави нов предлог за СЈО

Демократскиот сојуз го достави својот предлог Собранието повторно да ги разгледува измените на Закон за СЈО и за заштита на сведоци. Во соопштението известуваат:

,,Демократскиот сојуз денес во редовна собраниска постапка ги достави Предлог- Законот за измени на Законот за СЈО и Предлог -Закон за промена на Законот за заштитени сведоци, со кои се предвидува продолжување на периодот за поднесување на обвинение односно СЈО да може да користи заштитени сведоци во постапките против обвинетите.

Донесување на законите во редовна постапка отвора можност да се расправа на комисиите, како и на пленарна седница.

Очекуваме аргументирана расправа и преку носењето на законите и силна поддршка на СЈО.

Парламентот наместо да ја попречува правдата, ќе создаде услови за поефикасна работа на СЈО и инволвираните во криминал да понесат одговорност“.

Павле Трајанов вчера најави дека тие нема да се откажат од овие барања, бидејќи основно за стабилизирање на државата е да се истражат сите случаи од прислушуваните разговори за кои има индиции за криминал и злоупотреба на службена положба.