Демолиран Ургентниот центар во болницата „8 Септември“

Триесетина луѓе вечерва дивееле и ги искршиле влезните врати во Ургентниот центар во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Инцидентот се случил околу 18 часот откако групата била информирана дека лекарите не успеале да го спасат нивниот роднина, пренесува „Нова ТВ“

Реанимацијата траела околу 40-тина минути, но човекот починал, по што групата почнала да дивее и да крши се пред себе.

Влегле дури и во просторијата за реанимација.

„Кршеа се пред себе, влегоа насилно и во собата за реанимиација. Го земаа починатиот и со возило без регистарски таблички го однесоа во непознат правец. Неколку екипи од МВР се уште вршат увид во болницата, се проверуваат снимките од камерите“, изјавил директорот Сашо Стојчев.

Засега нема информции од што починал пациентот, ниту кои се луѓето што во толку голем број биле дојдени со него.