Демонстрантите не го пуштаат Вучиќ надвор, тој си играше шах со Стефановиќ

Демонстрантите кои вчера упаднаа во зградата на РТС, денеска не му дозволија на срспкиот претседател, Александар Вучиќ да излезе од зградата на претседателството, формирајќи обрач наоколу.

Вучиќ одржа прес конференција на која им порача дека нема да се толерира никакво насилство и никакви ,,македонски“ сценарија во Србија. Потоа, откако не можеше да излезе, на Твитер објави фотографија како игра шах со неговиот партиски колега, министерот за полиција, Небојша Стефановиќ.

Небојша Стефановиќ и Александар Вучиќ играат шах

Лидеорот на опозициската Двери, рече дека немаат намера да се помрднат од пред претседателската палата, сѐ додека Вучиќ не поднесе оставка.