Демонстрациите во САД по смртта на Афроамериканецот, Џорџ Флојд, кој беше загушен при апсење, излегоа од контрола.

Се шират низ цела Америка.

Во Њујорк демонстрантите нападнаа полициско возило, по што полицајците бееа принудени да поминат низ толпата.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, рече дека ги разбира полицајците кои биле доведени во ситуација опасна по нивниот живот.

Запалени се многу полициски возила во повеќе градови.

Прогласена е вонредна состојба во 16 сојузни држави и полициски час во повеќе градови.