Протестите кои почнаа во Белград по обраќањето на српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој најави нов полициски час поради влошената епидемиолошка состојба,траат длабоко во ноќта.

Меѓу илјадниците незадоволни, револтирани и на моменти агресивни демонстранти, обраќањето на овој млад човек, чиј татко починал најверојатно од Ковид 19, бидејќи за него немало респиратор, емотивно ја вознемири српската, но и пошироката јавност во регионот.

Демонстрантите еден момент во текот на вечерта влегоа кусо во српскиот Парламент, но полицијата ги потисна со солзавец, а подоцна добија засилување и со коњичката специјална единица.