Демонстрации пред српското Собрание по најавата за полициски час

По завршувањето на прес конференцијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на која најави нови рестриктивни мерки и полициски час поради влошената епидемиолошка состојба со Ковид 19, неколку илјади демонстранти протестираат пред Парламентот.

Бараат оставка од Вучиќ и извикуваат навредливи пароли против него.

Не прифаќаат полициски час и бараат одговорност од Владата и од Вучиќ за влошената состојба со Ковид 19.

Една група демонстранти насилно влегоа во српскиот парламент.

Некои ја гаѓаат полицијата со лименки и јајца.

На демонстрациите се забележуваат опозициски лидери, но и многу граѓански активисти.