Денеска во судница за 27 април ќе сведочат Заев, Спасовски, Тодоров и Мемеди

Денеска продолжува испрашувањето на сцедоците во маратонскиот судски процес за организираниот напад на пратениците во Собрание на 27 април минатата година.

Напаѓачите ќе се соочат со Зоран Заев, Оливер Спасовски, а ќе сведочат и Никола Тодоров, Весел Мемеди.

Секој ден на судскиот процес што го води судијата Добрила Кацараска, сведочат по неколкумина директно оштетени и други сведоци, а при вркстеното испрашување на сведоците од страна на обвинетите доаѓа често и до тензична ситуација.

„Господине Шилегов, како пратеник имате заштита и можете да зборувате сѐ што сакате и да навредувате. Но, ова не е Собрание, сите имаат подеднаков третман. Не навредувајте и внимавајте како се обраќате”, му рече Кацарска на градоначалникот на Скопје кој влезе во конфликт со обвинетиот Јане Ченто во вкрстеното испрашување.

„Господине Шилегов, јас сум внук на првиот претседател на АСНОМ, колку да расчистиме кој е фашист, а кој не”, рече Ченто откако претходно, Шилегов, одговарајќи на друго вкрстено прашање, рече дека нападот на Собранието бил „организиран политички облик на фашизам“.

Шилегов потоа му одговори на Јане Ченто:„Од секоја здрава семка не излегува здрав плод”, по што Ченто му реплицираше: „Крушата под круша паѓа”, на што следуваше опомената од Кацарска.