Денеска гласа дијаспората, затворениците и немоќните

Од утрината од 7 часот , па до 19 часот во Македонија и по локално време во дијаспората, своето право на глас може да го искористат иселениците, болните и немоќни лица и лицата на издржување казна затвор.

Од 230.122 лица регистрирани во посебниот Избирачки список дека се на привремена работа во странство,  за гласање  се пријавени 20.573 граѓани.

Своето право на глас во странство државјаните на РМ ќе го остваруваат во 41 ДКП и конзуларни канцеларии. Најмногу пријавени за гласање има во Берн 4.256, во Венеција 2.724, потоа во Мелбурн, Њујорк, Детроит…

Намалку пријавени има во Мадрид 10, во Пекинг 13 и во Варшава 14 лица.

Денеска гласаат 2015 лица кои издржуваат казна затвор и притвореници. Дома гласаат болните и немоќни лица, а се уште како внатрешно раселени се водат 13 лица кои се пријавиле да гласаат во згрижувачки центар.