Денеска е најдепресивниот ден во годината

Третиот понеделник од јануари, е прогласен за најдепресивен ден од годината. Психологот Клиф Арнал истражувал кога луѓето се најнерасположени и дошол до заклучок дека е тоа токму денешниот понеделник, нарекувајќи го -тажен понеделник.

Гардијан објаснува како Арнал дошол до оваа формула за најтажен понеделник.

Формулата [W + (D-d)] x Tq ÷ [M x Na] , во која W претставува временска состојба, D моменталните долгови, d месечните приходи, T периодот после Божик, q период по пропаднатите обиди нешто да направиме, M ниво на мотивација и N потребата за акција, значи резултат кој покажува дека ова е најдепресивниот ден во годината.

Статиститака ги потврдува овие сознанија на Арнал, бидејќи бројките покажуваат најмногу разводи на овој ден и најмногу негативни пораки на социјалните мрежи.

 

Средината на летото и точно 24 јуни пак, се прогласени за најсреќен ден и период од годината.