Денеска Собранито ќе се распушти?

Закажана е последната седница за овој парламантерен состав, кој треба да се самораспушти заради запазување на законскиот рок пред предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.

Но, пред да се разгледаат двете иницијативи за распуштање, на пратеничката група на СДСМ и на Павле Трајанов од ДС, на дневен ред се ставени и прелог на буџетот за 2017, како и именувањето на двајца членови на Регулаторна комисија, од кои едниот е доскорешниот Генерален директор и Претседател на Управен одбор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски.

Овој парламентарен состав беше избран на последните, исто така вонредни парламентарни избори во април 2014 година, но опозицијата не ги признаваше изборните резултати па го напушти собранието во септември и делуваше бојкотирајќи ја неговата работа. Опозицијата се врати во Собрание во септември минатата година за да се избере Специјалниот јавен обвините, по пржинскиот договор.

Претходно, на почетокот на 2015 година Зоран Заев лидер на СДСМ ги објави т.н. БОМБИ од прислушуваните разговори, што предизвика најголема политичка криза во Македонија од нејзиното осамостојување. Два пати беа одложувани закажани предвремени избори со дополнети пржински договори, заради неисполнување на услови за фер и демократски избори.

Заради долгорочноста на политичката криза, со дополнети услови за реформи во медиумите и чистење на избирачкиот список, се склучи договор за трет датум за предвремени избори на 11-ти декември и според динамиката тие би требало да се одржат.