Денешни настани

-Настан на денот кај нас е доаѓањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Неговата агенда почнува со средба во 9 часот со премиерот Емил Димитриев, а потоа во канцелариите на ЕУ ќе има одвоени среби со четворицата потписници на пржинскиот договор. Изјава е предвидена во 14 часот.

-Собранието ја проодлжува 124 седница. на дневен ред предлог Закон за вработување на 100 најдобри студенти на Универзити во Македонија

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовкси ќе има свое обраќање на конференцијата ,,Влијанието на глобалните безбедносни предизвици на Европа и Западен Балкан и начини на справување”

– CIVIL организира дебата на тема Градоначалниците и слободата

-Косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде прогласен за почесен доктор на Универзитетот во Тетово

-Министерот за образование Пиштар Лутвиу ќе присуствува на доделување признание за најдобри и најчисти училишта

Од Лутвиу очекуваме одговор за случувањата со универзитетот во најава ,,Мајка Тереза” за кој се вршат уписи на студенти во просториите на Универзитет на Југоситочна Европа, чии студенти протестираа заради нелојална конкуренција.

Ова се дел од настаните за кои ќе може да читате на ako.mk