Ден Дончев од ВМРО за Македонија во Драчево

Во Драчево носителот на Изборна единица 1 на коалицијата ВМРО за Македонија Ден Дончев имаше средби со граѓаните на кои разговараше за проблемите со кои се соочуваат секојдневно. Десет години жителите на Драчево, најмалку 3.000 семејства имаат проблеми со катастарот, не можејќи да ги легализираат своите имоти за кои поседуваат имотни листови.

Дончев рече дека власта не ги решава основните и секојдневните проблеми на граѓаните, туку огромните буџети ги троши на мегаломански проекти и споменици. Микроекономијата и решавањето на основните проблеми на граѓаните ќе бидат главен приоритет на ВМРО за Македонија-реќе тој.

По средбите со граѓаните господинот Ден Дончев положи цвеќе на споменикот на бранителите во Драчево.