Ден Дончев: Самсоненко се повлекува од бизнисите и од обложувалниците

 

 Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 Ден Дончев на Коалицијата ВМРО за Македонија  оствари средби со граѓаните на Аеродром и на Кисела Вода.
На средбите со граѓаните на Аеродром беа отворени теми што се дел од платформата на дејствувањето на коалицијата ВМРО за Македонија, а се однесуваат и иселувањата, загадувањето на воздухот и „киднапираниот„  спорт …
Иселувањето  на младите е резултат на погубните политики на владата на ДПМНЕ-рече Ден Дончев.
,,Како да зборуваме за проблемот на напуштањето на просторите на малите и неразвиени општини и мерки за рамномерен развој, кога се празнат и  најголемите и најбогати општини. Време е да кажеме стоп за изселувањата,,-изјави тој.
Вториот проблем е загадувањето, проблем со чии последици се соочува и градот, како и поголемиот дел од државата.Жителите овде плаќаат највисоки комуналии и наместо инвестирање во мерки за заштита од загадувањата на воздухот  во Аеродром и Ново Лисиче, сведоци сме само на непродуктивни инвестирања на нивните пари. Мора веднаш да запре инвестирањето во споменици за да се задоволи егото на политичар кој решил со туѓи пари да остави сопствен белег за наредниот милениум и да се преземат мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Оваа власт успеа да не стави на први места на неславните светски листи на најголемите загадувачи-рече Дончев.
Според Дончев третиот проблем е спортот – а преку МЗТ спортот во оваа општина е „киднапиран„ од таканаречениот бинзисмен Сaмсоненко, кој чувствувајќи ги ветриштата на промените сега почнува да се повлекува од овдешните бизниси и спортски обложувалници.