Ден на жалост во Турција по терористичките напади(видео)

Во две експлозии пред фудбалскиот стадион во центарот на Истанбул загинаа најмалку 29 луѓе, а 166 се ранети, соопштија турските власти. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Солу рече дека 27 од убиените биле полицајци. Десет лица се уапсени, а според него, првата експлозија била причинета од автомобил бомба пред еден автобус со полицајци пред Арената во Истанбул каде што играле фудбалските тимови Бешикташ и Бурсаспор. Втората ексползија се случила во блискиот парк 45 секунди по првата. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека станува збор за терористички напад. Според некои сведоци, по експлозиите се слушнале и истрели. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите.

Во Турција знамињата се на половина копје и прогласен е ден на жалост.