Ден по изборите Попоски на средба со министрите на ЕУ

Министрите за надворешни работи на 28. земји-членки на Европската унија денеска во Брисел ќе имаат работен појадок со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Во организација на министрите на Австрија, Унгарија и на Словенија, Себастијан Курц, Петер Сијарто и Карл Ерјавец, целиот Совет за надворешни работи на ЕУ (ФАК) и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, ќе присуствуваат на средбата со министерот за надворешни работи на Република Македонија за да разговараат за исходот од предвремените парламентарни избори.
Пријателот на ВМРО ДПМНЕ унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изрази задоволство што победила досегашната владејачка коалиција и ги повика да формираат стабилна влада.
Задоволство од текот и резултатите од изборите искажа и вториот министер од ЕУ што присуствуваше на митинг на ВМРО ДПМНЕ австрискиот министер за надворешни Себастијан Курц.