Депонијата Русино блокирана, ѓубрето од Маврово се истура во Националниот парк

Граѓански активисти од Гостивар, веќе неколку недели го блокираат приодот до регионалната депонија Русино и не дозволуваат да се транспортира таму отпад од други општини, освен од Гостивар.

Тврдат дека градот се загадува од прекумерното ѓубре и од честото палење на депонијата.

Општините во мавровскиот крај со денови беа затрупни со ѓубре, па сега, како што објавија некои граѓански активисти на ФБ групата формирана за оваа намена, ЈКП ,,Маврово“ почнало да го носи сметот во Националниот парк на хелиодромот.

Објавија и фотографии:

По истурањето на ѓубрето од камионот, местото сега изгледа вака:

Со блокадата на Русино, проблемот во целиот регион се влошува, а комуналните претпријатија и луѓето го истураат сметот каде ќе најдат погодно место.

Планините и шумите се претворени во диви депонии.