Депонија на местото на ветената спортска сала во Крива Паланка

,, Градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски и ВМРО-ДПМНЕ осум години им ја ветуваат на граѓаните спортската сала, која е претворена во депонијана.Актуелниот градоначалник во првиот мандат вети дека ќе ја доврши спортската сала, а додека бараше втор мандат ветуваше дека таа ќе прерасне во современ затворен базен,порача на прес конференција Даниела Велковска,координатор на Форум на жени на ОО СДСМ Крива Паланка.

Според Велковска и после осум години владеење на Алексовски не се остварени ниту првото, ниту второто ветување, а ова, како и многу други ветувања останале само во предизборната програма на Алексовски.

-„Додека младите луѓе и спортските тимови очекуваат бесплатни и функционални спортски терени и простор за рекреација и релаксација, оваа карабина со текот на годините се распаѓа.

Затоа на Крива Паланка потребни и се итни промени и тие ќе се случат наскоро. По промените на централно ниво, доаѓаат промени и во Крива Паланка. Општината ќе добие нов Совет и градоначалник кои ќе работат единствено во интерес на граѓаните. Новата одговорна локална власт ќе направи вистински реформи на спортски, економски и културен план, а Крива Паланка ќе стане посакувано место за живеење”, рече Велковска.

Билјана Н.Тошевски