Десетина гратчиња во Италија во карантин заради корона-вирусот

Италија воведе вонредни мерки на заштита од корона-вирусот, откако изминатите денови починаа две, а се заразени неколку десетици луѓе.

Во десетина градови се воведени специјални мерки-карантин, па во наредните денови или недели ќе бидат затворени јавните установи, училиштата, рестораните и други институции каде се собираат луѓе или има движење на луѓе.

Властите во областите Ломбардија и Венето, каде што живеат над 50.000 луѓе, испратија апел до жителите да останат дома.

Премиерот Џузепе Конте во обраќањето рече дека во местата каде е регистриран заразниот вирус нема да се дозволи влез и излез, се дури не се стабилизира ситуацијата.