Дескоска:Еве во каква состојба ги остави ВМРО-ДПМНЕ училиштата… А милуваа да се сликаат сечејќи ленти…

Ова го објаави на својот ФБ профил министерката за образование Рената Треневска-Дескоска.

  

Таа неколку дена пред почетокот на учебната годината, информира дека затекнала загрижувачка состојба во училиштата и во ученичките проблеми откако побарала од директорите да пријават потреба од капитални инвестиции и да го документираат тоа со фотографии.

-Она што го видов и што Вие ќе имате можност да го видите е загрижувачко. Врз основа на овие информации кои ги добивме, ќе направиме и директен увид заради утврдување приоритетите за помош на општините кои не успеале да ги решат овие проблеми на училиштата – изјави Дескоска.

   

Според приоритетите, на прво место ќе биде обезбедување на елементарни услови за работа, односно оспособување на објектите од надворешни влијаниеја со реконструкција на крововите, фасадите и замена на прозорци. Потоа ќе се помогне на општините каде има потреба од подобрување на внатрешните услови на објектите како подови, санитарни јазли, загревање и сл. И третиот дел ќе биде помош во замена на инвентар во училиштата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com