Дескоска ги поздрави ,,курирци“ за лажната вест дека користи службено возило на митинг

,,Секој вистински новинар прво ќе знае дека министрите немаат на располагање службени мерцедеси, туку пасати. Второ, со обична проверка на регистрацијата лесно ќе утврди дека мерцедесот со кој ,,ме фатиле жива” е во приватна сопственост, а не е службено возило. Продуцирањето на лажни вести од некој што сака да се нарече медиум, само говори за неговата кредибилност.
Така што, вистината е следна: бев на митинг денес, но не со службено возило, туку ме зедоа сопартици со нивно приватно возило.
П.С. Поздрав до фотографката“-напиша Министерката за образование Рената Треневска Дескоска, одговарајќи им на тој начин на порталите Вечер, Инфомакс, Курир и други блиски до ВМРО ДПМНЕ.