Дескоска: Ех Антонио, Антонио(Милошоски), отсекогаш си бил фејкер

Ова е реакцијата на министерката за правда, Рената Дескоска, на социјалните мрежи по објавата на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, дека наводно поради нејзината роднинска врска со извесен Перо Бошков кој работел во СЈО, тој зел бонуси.

Дескоска открива дека всушност со Бошков и не и е во крвно сродство, како со Трајко Вељановски на пример, но додава дека никогаш тоа не било причина да го брани за сторени прекршоци.

,,Е Антонио, Антонио… Од секогаш си бил фејкер. Цел живот си се занимавал со местенки… Кога ќе ми текне на јавно презентираниот разговор во кој Јанкуловска се чуди дека си предлагал некому да му се подметнат лажни лични карти со што си можел да го наместиш во затвор, се згрозувам од грозоморноста на твоите нарачки… Да не споменувам поигрување со човечки судбини да нарачуваш лустрација за судија…
Очигледно е дека барањето за автентично толкување Ве извади од памет, па почнавте со приказните… во Ваш стил… без грам морал и чесност…
Прво, Бошков не ми е братучед, туку сват, кој ништо од својата кариера, образование или имот не ми должи мене. Ниту сум го магистрирала, ниту сум го докторирала, ниту сум го вработила. Човекот е постар од мене…
Второ, не знам што работел во СЈО, ниту колкав е неговиот придонес. Мојот став кон него е еднаков како кон сите останати во иста или слична положба.
Никогаш не би бранела роднина, ако направил нешто незаконско. Тоа можеш да го видиш од примерот со Трајко Вељановски. Со него, имам крвна роднинска врска, за разлика од Перо Бошков, со кој немам ни капка крв заедничка. Но, роднинството со некој не ме спречува да осудам се што е зло и нечовечко, како на пример 27 април, кој ти го помина во кабинетот на Трајко. Што си правел таму, ти знаеш…“-му се обраќа на Милошоски таа, притоа во прилог го објави тоа што го напишал пратеникот на ВМРО ДПМНЕ.Е Антонио, Антонио… Од секогаш си бил фејкер. Цел живот си се занимавал со местенки… Кога ќе ми текне на јавно презентираниот разговор во кој Јанкуловска се чуди дека си предлагал некому да му се подметнат лажни лични карти со што си можел да го наместиш во затвор, се згрозувам од грозоморноста на твоите нарачки… Да не споменувам поигрување со човечки судбини да нарачуваш лустрација за судија…
Очигледно е дека барањето за автентично толкување Ве извади од памет, па почнавте со приказните… во Ваш стил… без грам морал и чесност…
Прво, Бошков не ми е братучед, туку сват, кој ништо од својата кариера, образование или имот не ми должи мене. Ниту сум го магистрирала, ниту сум го докторирала, ниту сум го вработила. Човекот е постар од мене…
Второ, не знам што работел во СЈО, ниту колкав е неговиот придонес. Мојот став кон него е еднаков како кон сите останати во иста или слична положба.
Никогаш не би бранела роднина, ако направил нешто незаконско. Тоа можеш да го видиш од примерот со Трајко Вељановски. Со него, имам крвна роднинска врска, за разлика од Перо Бошков, со кој немам ни капка крв заедничка. Но роднинството со некој не ме спречува да осудам се што е зло и нечовечко, како на пример 27 април, кој ти го помина во кабинетот на Трајко. Што си правел таму, ти знаеш…“- пишува Дескоска и притоа на својот ФБ профил ја постави обкавата на Милошоски.

Објавата на Антонио Милошоски на неговиот ФБ профил