Дескоска: Забелешките на текстот на Законот за ЈО се внесени и тој ќе биде доставен до партиите и меѓународната заедница

Опциите како ќе изгледа новиот Закон за Јавно обвинителство, се ставени на хартија. Тоа се истите оние забелешки произлезени од разговорите со опозицијата и е можна опција за постигнување на консензус, рече министерката за правда. Тоа ќе биде доставено до политичките и меѓународната заедница.

,,Тоа е наша добра волја да разговараме конструктивно заради заокружување на процесот на носење на законот и реформите во правосудството, за да не оставиме можност било која членка на ЕУ да даде забелешка за отворање на преговорите.. Правиме сѐ за да не дадеме можност за одложување на датумот за преговори. Случувањата последните две недели, (предавање на предметите и истрагата за рекет), ја елиминираа ургентноста од носење на Закон за ЈО, но сметаме дека е добро што поскоро да се донесе овој закон“-рече Дескоска.

Апелираме процесот на носење на законот да продолжи. Иако сега во овој период не е неопходно и не е услов за датумот од ЕУ, секако е потребно да се донесе овој закон-рече министерката за правда , Рената Дескоска.

Таа додаде дека префрлањето на предметите од СЈО во ЈО се гарант дека судските процеси ќе продолжат.

Што се однесува до веродостојноста на писмата од Катица Јанева, министерката Дескоска рече дека Министерството за правда нема надлежност за утврдување на автентичноста на потписот на Катица Јанева на писмата кои беа испратени од неа.

Таа не гледа тука тема, бидејќи нема дилема и сомневање за веродостојноста и автентичноста на потписот и писмата.

Нема дилема и спор дека луѓето што биле во притвор потпишувале документи и порано, вели Дескоска.