Дескоска: Негласањето на Законот за ЈО е обид за спас на одредени политичари

Министерката за правда, Рената Дескоска, уште еднаш предупреди дека негласањето за новиот Закон за Јавно обвинителство е обид да се спасат конкретни политичари од раката на правдата:

,,Негласањето на Законот за Јавно обвинителство е обид за избегнување на правдата од одредени политичари.

Негласањето на Законот за Јавно обвинителство од страна на опозицијата значи свесна блокада на евроинтеграциските процеси на земјата.

Исто така, значи дека опозицијата е против зголемувањето на бројот на обвинителите во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупација и чување на бомбите во Јавното обвинителство“-вели министерката.