Десничарски протест во Белград без маски и дистанца, против Вучиќ, вакцини и 5Г мрежата(видео)

Втор ден по укинувањето на полицискиот час, десничарските организации излегоа на протест против Александар Вучиќ, против избори, вакцина и 5Г мрежата.

Тие маршраа низ улиците на Белград не почитувајќи ниту една препорака за КОВИД 19. Не носеа никави заштитни маски и не одржуваа дистанца.

Еден од организаторите, пратеникот Срѓан Ного, рече дека не е доктор, не ги разбира тие работи, но не сака никој да му наметнува да се вакцинира.

Протестите се совпаѓаат со повикот на Бошко Обрадовиќ од ДВЕРИ, да излезат граѓаните на протест против режимот на Вучиќ, како што вели.