Детската храна Јувитана повлечена од пазарот

Популарната храна за бебиња Јувитана е повлечена од продавниците во Србија. станува збор за серијата со рок на траење до 2017 и 2019 година.

Министерството за здравство на оваа земја соопшти дека се сомнева во здравствената исправност на кашичките. Во нив се пронајдени поголем број пестициди, кои може да бидат опасни по дравјето на децата.

Министерството за здравств на Србија соопшти дека се работи за кашичките од круша, јаболко и круша, банана и јаболко, како и за соковите јаболко, праска, праска и јаболко.

Компанијата Таково која ја  произведува оваа детска храна е известена за наодите.

Компанијата Свислион која е сопственик на фабриката Таково во Инѓија каде се произведени кашичките и соковите соопшти дека тие ги имаат сите потребни сертификати за квалитет од Институтот за здравје во Белград.

Во меѓувреме компанијата производител ги повлече сите производи од пазарот. И во Босна  и Херцеговина каде што се продава оваа детска храна се прават проверки на примероците.

Нема информации како ќе се однесуваат надлежните институции во Македонија и дали овој вид храна се продава на нашииот пазар.