Детска клиника ги забрани посетите поради корона вирусот

Поради опасноста од ширење на Корона вирус во Клиниката за детски боолести, менаџментот од 26. февруари.2020 година, најстрого ја забранува посетата на малите пациенти.


,,Ги замолуваме роднините на децата кои се хоспитализирани, да имаат разбирање за оваа одлука, да не инсистираат на влез, бидејќи здравјето и безбедноста на детето е поважно од се’.
Вратарската служба нема да допушти влез на ниту едно лице кое не е хоспитализирано со дете.
Се замолуваат и родителите кои веќе лежат на Клиниката со своите малечки, без нужна потреба да не ја напуштаат клиниката, и да ги превземат сите мерки на заштита.
Заштитувајќи се себе се грижите за вашето дете“-порачуваат од Детска клиника во Скопје.