Де Лигт ја отпиша Барселона, остануваат три опции за најталентираниот играч во Европа

Менаџерот на Матијс де Лигт, Мино Рајола потврдил за медиумите од Италија дека преговорите со Барселона се завршени,  капитенот на Ајакс бара друга опција.

Причина за одлуката на Де Лигт е финансиски слабата понуда на Барселона која нуди 6 милиони евра. Рајола тврди дека ПСЖ има официјална понуда од  13 милиони за Матијс Де Лигт, во игра се уште и Баерн Минхен и Јувентус.

Сепак понудите на Јувентус  и Баерн се помали од ПСЖ, овие два клуба  нудат по 10 милиони евра годишна плата за најбараниот играч во Европа, едно е сигурно, ДеЛигт ќе мора да избере понуда по летните одмори.