Диви свињи шетаат низ Нов Белград(видео)

Ноќна прошетка на стадо диви свињи ги вознемири жителите на Нов Белград.

Во текот на предминатата ноќ повеќемина успеаја со своите мобилни телефони да регистрираат како се движат низ булеварите на овој дел од Белград .

Пред две години безбедносна камера регистрираше бркотница на една дива свиња со момче во Нови Сад.

Ветеринарниот институт од Белград потврди дека стадо од 30 диви свињи се движи од резерватот на околината на белградскиот регион бегајќи под налетот на надојдените води на реките и поплавите.

Се кријат дење , а ноќе излегуваат по потрага за храна.

Предупредуваат на опасност, но уверуваат дека нивни екипи го следат движењето на дивите свињи.