Ова е денешна фотографија од нелегално изградениот угостителски објект кај стариот чинар во старата охридска чаршија кој требаше да биде урнат со решение на инспекција уште во месец март.

Но, наместо тоа, советникот од ДУИ, Нефи Усеини, кој е сопственик на оваа дивоградба, деновиве ги вадеше надворешните плочки затоа што не му се допаѓале, а не затоа што сам пристапил кон уривање на дивоградбата, како што изјавуваа некои од присутните на објектот минатата недела.

Во Баку, Азербејџан, започна 43. Седница на Комитетот за светско наследство, каде на Охрид му се заканува одземање на статусот Град на УНЕСКО, како посебно светско културно наследство.