ДИК работеше до доцна под закани од ножеви,гнев и ќосиња

Државната изборна комисија одби 4 приговори од СДСМ, претходно 7 од Беса, а за еден се чека графолошко вешетачење на потписот на Фатиме Сулекмани која тврди дека некој друг гласал во нејзино име.

ВМРО ДПМНЕ организираше неколку стотици натврдокорни поддржувачи кои во студенета ноќ дојдоа со автобуси од други краишта на Македонија, за да ја бранат победата.

Толпата ја предводеа Валентина Божиновска, Антонио Милошоски,Коце Трајановски, Филип Петровски,Стевчо Јакимовски кои имс е обраќаа на насобраните и ги бодреа дека треба да ја ,,бранат,, победата на ВМРО ДПМНЕ, ако треба и со шатори пред ДИК.

Не мрдаме од тука -викаше Влатко Ѓорчев.

Ова е ноќ на ножевите-порачуваше Валентина Божиновска.

Тргни ги рацете од ДИК и од Македонија-му се обрати на американскиот амбасадор Бејли Филип Петровски.

Трпението на народот е при крај-ги мотивираа насобраните Стевчо Јакимовски и Антонио Милошоски.

Ќосето е жив-одговорија насобраните, палејќи оган да ги стоплат премрзнатите раце и нозе и играа оро на музиката од зурли и тапани.

ДИК треба да продолжи со работа во текот на денот.