Диме Спасов се заканува со тужба

 

Неколку портали кои важат за блиски до владејачката ВМРО ДПМНЕ објавија реакција од ,,кабинетот на дополнителниот заменик министер” во која не се негира дека учествувал во сообраќајна несреќа во алкохолизирана состојба и дека возел службен џип. Во објавената реакција се вели:

,,Во врска со одредени наслови и текстови на портали кои денеска беа објавени, за наводна “тешка сообраќајна незгода со последици” должни сме да реагираме бидејќи истите се базираат на невистини, шпекулации и груби дезинформации кои очигледно се смислени за да наштетат на угледот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика.

Опозициските портали дрско и непоткрепено манипулираа дека се случила тешка сообраќајна несреќа со настанати штети што е целосна невистина. За овој типичен пример на организиран и координиран напад поттикнат во политички цели против дополнителниот заменик министер во наредните денови не е исклучено и поведување постапки пред надлежните судови за докажување на вистината”.

Истата реакција е објавена на ФБ профилот на Диме Спасов:

1dime