Димитриевски бара извинување од Борисов, протестна нота или прекин на разговорите со Бугарија

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, побара извинување од Бојко Борисов за последната изјава на вицепремиерот во неговата влада, Министерот за одбрана, Красимир Карачаканов:

,,Срамни и понижувачки се ваквите шовинистички изјави на Каракачанов. Доколку Премиерот на Република Бугарија г-дин Борисов не се огради од ваквите навредливи изјави на неговиот вицепремиер Каракачанов потребно е да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор. Да се изгради сеопшт национален консензус во Македонија по прашањето и да се продолжи понатаму со разумни луѓе од другата страна кои што нема да провоцираат и собираат евтини политички поени туку ќе бараат решение. Ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот Македонски народ и сите наши граѓани. Очекувам дека и колевката на демократијата и човековите права и слободи Европската Унија и официјално ќе ги осуди ваквите навредливи изјави од страна на бугарските официјални лица.Министерството за надворешни работи веднаш треба да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота“-побатра денеска Димитриевски.

Ова е изјавата на Каракачанов за која реагира Максим Димитриевски.