Димитриевски: Груевски да каже кој ја осмисли Платформата што уште ги одржува на власт?

Колега Вељановски, доста беше-му се обрати пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски на председавачот со седницата на вчерашното заседание. Тој го обвини дека свесно ја води Македонија во безизлез и го повика Груевски да излезе на говорница и да каже кој ја обмисли Платформата за која дискутираат цел месец и која ги одржува на власт.