Димитриевски му ги испрати орденот, протестното писмо и ,,Душата на Македонија“ на Красимир Каракачанов

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, како што објави, му ги врти ордените на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

,,Моето протестно писмо до г-дин Красимир Каракачанов е испратено заедно со орденот и прилог скромен подарок до него – книга “The Soul of Macedonia” од авторот Наце Попов во која сликовито е прикажана и објаснета духовната убавина на нашата држава и народ.Се надевам дека истото ќе даде допринос за поголемо взаемно вреднување и почитување, а воедно и осознавање“-напиша Димитриевски.