Димитриевски: Оставивте простор злосторници да се претставуваат како жртви

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, побара да се даде професионалци да ја сработат истрагата за аферата ,,Рекет“.

– ,,Афера “Рекет”, интензивна истрага и експедитивна разрешница!
Доволно е со делење на совети и памет, што треба да се направи, ги држите позициите, имате одговорност, работете и исчистете го криминалот во корен без исклучок или повлечете се и оставете простор на професионалците да сработат.
Оваа анатема дека ,,сите сме исти” мора да се демантира пред граѓаните со дела и доказ, бидејќи сме многу различни.
Целава сторија им остави простор на злосторниците да се трансформираат во жртви и борци против криминалот, едноставно одговорност мора да има за сите! “-напиша Димитриевски на ФБ.