Вчера пратениците во Собранието ги игласаа заменици министрите. Еден од нив е и новинарот Зоран Димитровски. Тој јавно се заблагодари.

,,Имам чест и одговорност во Владата што ја предводи г. Зоран Заев, како кандидат на Демократскиот сојуз, да бидам заменик министер за локална самоуправа. Јакнењето на општините и локалната самоуправа е од исклучителна важност за европските интеграции на РС Македонија. Очекувам заедно со министерот Горан Милевски во соработка со другите министерства и со европска помош која ќе се зголемува со почетокот на преговорите за членство во ЕУ, да придонесеме кон силни општини и богати региони“-објави тој на социјалните мрежи.

Други заменици се:

– Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана,

– Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,

– Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,

– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,

– Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,

– Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,

– Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,

– Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,

– Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,

– Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука,

– Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика,

– Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура,

– Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,

– Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и

– Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.