Димитров: Во Брисел усвоена преговарачката рамка, македонскиот јазик станува официјален јазик во ЕУ

,,Денес имаме еден важен исчекор што треба да го одбележиме – Европската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка и од денес документот е во рацете на земјите членки. На првиот ден на германското претседателство, кое исто како и хрватското, ќе биде историско’-изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Во Предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија што денеска ја усвои Европската комисија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти, дознава „360 степени“. Ова се смета за чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина.